Модриќ: Лео е великан, а Хрватска има ДНК како Реал Мадрид

Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Хрватска приреди изненадување откако во четвртфиналето на Светското првенство во Катар го елиминираше Бразил, а во полуфиналето Хрватите ги чека нов тежок испит против Аргентина.

Пред овој натпревар Модриќ зборуваше за шпански „Ел Чирингуито“. Во интервјуто Модриќ истакна дека Хрватска има победнички менталитет, баш како и Реал Мадрид.

„Никогаш не се откажуваме, секогаш играме до крај. Затоа може да се каже дека имаме иста ДНК како Реал Мадрид. Сакам да играм полуфиналиња против големи тимови, а не против големи играчи. Лео е великан, најдобриот на Аргентина и секако дека тешко ќе го запреме, но ние сме подготвиме да го дадеме најдоброто. Се надеваме дека тоа ќе биде доволно за да се пласираме во финалето“, изјави Модриќ.

Аргентина и Хрватска полуфиналето ќе го играат во вторник од 20:00 часот, а веќе е одреден и судијата за овој натпревар, тоа ќе биде Италијанецот Даниеле Орсато. Во второто полуфинале еден ден подоцна се среќаваат Мароко и Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот