СП 2022: Хрватите се фудбалско чудо, на пенали го елиминираа големиот Бразил

Хрватска го слави пласманот во полуфиналето на СП 2022/фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Хрватска и Бразил го одиграа четвртфиналниот натпревар на Светското првенство во Катар, а по голема борба и голема драма во полуфинале оди составот на Златко Далиќ која повторно беше успешна на пенали.

Немаше голови во регуларните 90 минути (0:0), а во продолженијата, поточно во 105 минута, последното од првото продолжение, Нејмар одигра двојно додавање со двајца соиграчи, го заобиколи Ливаковиќ и на крајот од непосредна близина ја заби топката во мрежата за 1:0.

Хрватска не се предаваше, Далиќ ги внесе во игра Будимир и Петковиќ, сите карти ги фрли во напад знаејќи дека нема што да загуби. А потоа во 116 минута Оршиќ нафрла по земја, Петковиќ шутира, а топката од Маркињос се одби во мрежата на Алисон, за голема радост на „коцкестите“.

Следеше пенал-драма, нешто на што сите се навикнавме кога Хрватска игра на големите натпреварувања.

Прв стрелаше Влашиќ. Тој шутираше во средината и постигна гол за Хрватска, а потоа трагичар во редовите на бразилската селекција беше Родриго кој не успеа да го совлада Ливаковиќ.

И Ловро Мајер шутираше во средината и беше прецизен за 2:0. Касемиро беше сигурен во втората серија за 2:1. Тогаш топката ја зеде Модриќ, кој беше целосно сигурен во приближувањето на Хрватска до големото полуфинале. Педро беше следниот изведувач за Бразил, но постигнаа и тој и Касемиро. Оршиќ на спротивната страна исто така прецизно стрелаше, а Маркињос кој мораше да реализира, ја погоди стативата, по што следуваше големата радост на Хрватите.

Во полуфиналето Хрватите ќе играат против подобриот од мечот меѓу Аргентина и Холандија кој започнува вечерва од 20.00 часот. Во преостанатите четвртфинални двојки утре се среќаваат Франција и Англија, а Португалија и Мароко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот