Модернизација на Царинската управа со грант од Јужна Кореја
Дигитализацијата ќе ги опфатисекторот за брзите пратки, откривањето на нелегалните финансиски текови, како и анализа на ризик во е-трговија.
Владата на Јужна Кореја ќе поддржи изградба на капацитети на македонската Царинска управа со грант вреден 700.000 евра. Средствата ќе бидат наменети за модернизација особено во делот на брзите пратки, откривањето на нелегалните финансиски текови, како и анализа на ризик во е-трговија.
Препорачано
Министерката за финансии, Нина Ангеловска, директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, и делегација од Царинската управа на Јужна Кореја денеска одржаа состанок на кој било истакнато дека од особено значење е поддршката во доменот на е-трговијата, која во светски рамки бележи постојан раст и развој.
Со размена на искуството на Царинската управа на Јужна Кореја во овој домен ќе се придонесе за воспоставување баланс помеѓу олеснета и забрзана испорака на пратките, но во исто време и зголемена наплата на буџетските приходи од овој вид трговија.
Од македонската делегација било посочено дека воспоставувањето дигитална царина е еден од стратешките приоритети на Царинската управа и дека од тој аспект добро е што за оваа цел се соработува со Царината на Кореја, која е широко позната по својот технолошки напредок.


