ММФ: Во Македонија уделот на сивата економија изнесува 37,6 отсто

Уделот на сивата економија во севкупниот економски сектор на Северна Македонија изнесува 37,6 проценти, покажуваат податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Според овој податок, земјава е на четвртото место во регионот на Југоисточна Европа, зад Косово со 38,8 отсто учество на сивата економија, Црна Гора со 38,2 проценти и Бугарија со 37,8 отсто.

По Северна Македонија следуваат Хрватска со 35 проценти учество на сивата економија, Романија (34,8 отсто), Србија и Босна и Херцеговина (по 34,5 проценти), Грција (30,2 отсто). Турција (29,6 проценти) и Албанија (28,3 отсто).

Три водечки земји во Европа со најмало учество на сивата вкупната економија се Австрија со 9,4 проценти, Луксембург со 9,7 и Швајцарија со 9,8 отсто.

Прочитајте и...  Неколку илјади војници мобилизирани во САД по насилните протести (ВИДЕО)

Во анализата на ММФ се посочува дека процентот на сивата економија, мерен во однос на бруто домашниот производ, бележи пад во сите региони во светот, при што се нагласува дека сепак овој неформален дел на економски активности кој е надвор од регулираната економија и даночниот систем, тешко може точно да се измери.

– Лицата и компаниите вклучени во неформалната економија обично работат во мал обем. Ова значи дека нема официјална статистика за неформалната или сивата економија, како што понекогаш се нарекува, така што економистите треба сами да ја проценат нејзината големина. Некои вообичаени техники вклучуваат истражувања или индиректни индикатори, како што е побарувачката на странски валути, се додава во анализата.

Прочитајте и...  Земјотрес во Корча почувствуван и во земјава

Прочитај повеќе

Италија предупредува: ЕУ ќе се распадне доколку Италијанците ги смета за лепрозни

Слободен печат

ЕУ до САД: Преиспитајте ја одлуката за повлекувње од СЗО

Слободен печат

Ова е новиот лик на Клиничкиот центар во Скопје (ФОТО)

Слободен печат

Забава во Шпанија скапо го чини белгискиот принц, се заразил во ковид-19

Слободен печат

Папата отвора летен камп за децата на вработените во Ватикан

Слободен печат

Талибанците не мируваат: Бомбашки напад врз ТВ екипа!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„Спејс икс“ успешно ја лансираше ракетата „Фалкон 9″ (ВИДЕО)

Слободен печат

Запознал девојка на „Тиндер“, ја довел дома и брутално ја убил, потоа сам повикал полиција (ВИДЕО)

Слободен печат

Во Италија 111 смртни случаи од коронавирусот, 416 новозаразени

Слободен печат

Драма на небото над Индија: Авион вратен во Москва, пилот бил позитивен на корона

Слободен печат

Афера „респиратори“: Обвинителството на БиХ бара притвор за премиерот Фадил Новалиќ

Слободен печат

Трамп ги предупреди демонстрантите: Соберете се пред Белата Куќа, но ќе ве пречекаат најжестоките кучиња

Слободен печат