Младите одбојкарки со пораз го започнаа настапот на ЕП

фото: cev.eu

Одбокарската репрезентација на Македонија до 19 години е поразена на стартот од Европското првенство од селекцијата на Финска во три сета и тоа со 25:10,25:19,25:20.

Неискуството од настапите на големите натпреварувања си го стори своето, младите одбојкарки посебно во првиот сет играа во грч. Тоа го искористија финските одбојкарки да слават со 25:10.

Како одминуваше времето, така младите македонски одбојкарки се ослободуваа од грчот и играа подобро, но немаа сили за да го изненадат противникот и во следните два сета освоија 19 и 20 поени.

Мери Бошковска со 11 поени беше најефикасна во нашатат репрезентција, Добрина Хаџи Тосева освои 6 поени. Македонија утре ќе игра против Словенија (20.30 часот), која денеска загуби од Италија со 3:1 во сетови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот