Фото: МИА / архива

Млад велешанец пукал додека возел „Голф“, дома му нашле пиштоли и петарди

26-годишен жител на Велес е уапсен откако пукал од автомобил во движење, а полоцијата во домот му пронашла два пиштола и пиротехника, соопшти полицијата.

„СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Џ.(26) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 27.07.2025, пријавениот испукал еден куршум од возило „фолксваген голф“ во движење. Додека, подоцна, при претрес во домот и просториите каде престојува, пронајдени и одземени се пиштол „црвена застава“ М-57, пиштол АГ-9 и пиротехнички средства“, информираа од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот