Митревски: Направивме технички грешки во нападот – беше тешко да се гледа, уште потешко да се игра
Македонската репрезентација е поразена од селекцијата на Холандија со 32:37 (15:18) во второто коло од прелиминарната фаза на натпреварувањето на Светското првенство 2025 година во Вараждин.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Натпреварот кој го одбележаа три црвени картони, времетраење од 106 минути, лошо судење на данските судии и скандирања „ИХФ мафија“ од македонските навивачи.
– Беше тешко да се гледа, уште потешко да се игра. Тежок меч, направиме технички грешки во нападот, а Холандија лесно искористи. Пред крајот на првиот дел ривалот се одлепи и до крајот на мечот одржуваа предност. Треба да го добиеме мечот со Гвинеја, а во главната фаза ни следуваат уште три натпревари – изјави голманот на македонската репрезентација, Никола Митревски за Македонската Телевизија.
Нашиот репрезентативец Игор Ѓоргиев по мечот кажа Холандија е искусна репрезентација:
– Им честитам на моите играчи за борбата. Холандија е поинаквна селекција од Унгарија. Холанѓаните се искусни, ние направиме свои грешки, а противникот знаеше тоа да го искористи. Ни следува одмор, треба што побрзао да се адаптираме и секако одиме на победа против Гвинеја – се зборовите на Ѓоргиев за МТВ.


