Мистериозна порака од ќерката на Јована: „Мајка ми имаше сериозни проблеми, не можеше да се избори со притисокот“

Љиљана Симиќ од Ниш, ќерка на Јована Марјановиќ/ Фото: Инстаграм/Блиц

„Не верувавме дека нашата мајка може да се самоубие. Таа е жена која го сакаше животот, беше верник. Имаше сериозни приватни проблеми и преголем притисок“

Ова се зборовите на Љиљана Симиќ од Ниш, ќерка на Јована Марјановиќ, која вчера беше пронајдена мртва, по петдневна потрага на Златибор, во Тиќ поле, на околу еден километар од туристичкиот центар на планината. Првите резултати од истрагата укажуваат дека таа ја кренала раката кон себе, иако во близина на нејзиното тело биле пронајдени шише со алкохол и лекови.

Сепак, ќерката на Јована за „Блиц“ открила дека целата приказна има заднина и дека јавно ќе открие се што знае, доколку обдукцијата докаже дека нејзината мајка се самоубила.

– Претпоставувам дека не можеше повеќе да се справи со притисокот. Ги чекаме резултатите од обдукцијата, кога ќе можеме со сигурност да потврдиме што всушност се случило. Ако се работи за самоубиство, ги имам сите информации кои ќе ги објавам во јавноста и ќе излезат на големо, изјави Љиљана Симиќ.

Таа вели дека не добила никакви информации дека безбедносните камери ја снимиле нејзината мајка кога излегла од станот и си заминала и им е благодарна на сите волонтери кои помогнале во потрагата.

По четири дена ја најдоа Јована: Одевме низ снег и вода да ја бараме, најдовме замрзнато тело

По четири дена ја најдоа Јована: Одевме низ снег и вода да ја бараме, најдовме замрзнато тело

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот