Мишел Јео влезе во историјата на Оскарите: Таа е првата Азијка номинирана за најдобра актерка

Мишел Јео / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Малезиската филмска ѕвезда Мишел Јео е првата Азијка номинирана за престижната филмска награда Оскар во категоријата „Најдобра актерка“. Имено, таа денес беше номинирана за нејзината улога во филмот „Everything Everywhere All at Once“.

На Јео ѝ беа потребни 59 години да ја добие нејзината прва главна улога во холивудски филм. Но, исто така, на американската Академија за филмски уметности и науки ѝ беа потребни 95 години да номинира азиска актерка во оваа категорија.

Јео, која е родена во Малезија, беше голема филмска ѕвезда во Кина пред да ја освои и светската филмска сцена. Шеесетгодишната актерска дива се прослави во САД со споредните улоги во филмовите „Crouching Tiger, Hidden Dragon“, „Tomorrow Never Dies“ и „Crazy Rich Asians“.

Категоријата „Најдобра актерка“ е историски една од најмалку разновидните категории на Оскарите, барем кога станува збор за расната разновидност. Поради тоа, често беа упатувани критики до Академијата дека, претежно, само бели актерки добиваат номинации. Досега само десетина афроамерикански актерки ја имаа честа да се најдат меѓу номинираните, а само четири латиноамерикански актерки имаат добиено номинација за Оскар во оваа категорија.

Повеќе на темата:

Објавени номинациите за Оскари 2023: Голема конкуренција и неверојатни изненадувања

BAFTA 2023: „All Quiet on the Western Front“ со најмногу номинации на британските филмски награди

„Critics’ Choice“ 2023: „Everything Everywhere All at Once“ прогласен за најдобар филм на годинашните награди

Златен глобус 2023: „The Banshees of Inisherin“ и „The Fablemans“ со блескава победа на годинашните филмски награди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот