Мировски и Димовска обезбедија финале на Европското кикбокс првенство за јуниори

фото: instagram.com/urkourko

Македонските кикбоксери Силвио Мировски и Марија Димовска се финалисти во своите категории на ВАКО Европското првенство за деца, кадети и јуниори во Истанбул, Турција.

Димовска во полуфиналето со 3:0 ја совлада Еданур Аџар од Турција и златото ќе се бори против Соња Вуксиќ од Србија.

Мировски се пласираше во финалето откако со 3:0 го победи Урош Крстиќ од Србија. За златниот медал ќе ги одмери силите против Ефстахиадис Кристос од Грција.

Туркер Исмаил успеа да обезбеди бронзен медал откако со 0:3 загуби во полуфиналната борба загуби од Никита Тертишњи од Украина. Претходно оствари триумф од 3:0 против Пантелејмон Арапогијанис од Грција.

На ова ЕП земаа учество 1640 натпреварувачи во 2079 натпреварувачки влезови од 38 европски држави. Македонската кикбокс репрезентација е предводена од претседателот на Македонската Кик Бокс Маи Таи федерација, Дејан Митровски Урко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот