Мирко Ивановски е официјален спонзор на ЖФК Атлетико Битола

Мирко Ивановски беше прецизен од пенал во поразот на Динамо Букурешт од Газ Метан (2:1)/Фото: EPA/STIAN LYSBERG SOLUM

Мирко Ивановски е долгогодишен репрезентативец на Македонија, кои 14 години игра во европските лиги.

31-годишниот Ивановски во својата клупска кариера настапувал за Пелистер, Македонија Ѓ.П., Славија Прага – Чешка, Арка – Полска, Астра – Романија, Клуж – Романија, Видеотон – Унгарија, Болуспор – Турција, Славен Белупо – Хрватска, Хајдук Сплит – Хрватска и ДВТК – Унгарија.

Моментно ги брани боите на Динамо Букурешт од Романија за кој запиша досега два настапи сезонава во тамошниот шампионат.

Како што информират од женскиот фудбалски клуб Атлетико Битола нивни официјален спонзор ќе биде Мирко Ивановски.

– Мирко ќе биде официјален спонзор, финансиер, дел од управата, менаџер на клубот. Како долгогодишен играч кои настапува во сите лиги низ Европа, ќе помогне со своите менаџерски способности на сите наши таленти, еден ден и тие да играат во некој голем европски клуб – пренесуваат од ЖФК Атлетико Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот