Министерот за здравство Сали ќе се вакцинира со трета доза вакцина против Ковид-19

Беким Сали / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески
Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе се вакцинира со трета доза вакцина против коронавирус, во рамки на заедничката акција со студентите на Медицински, Стоматолошки и Фармацевтски факултет.
Како што информираат од Министерството за здравство, станува збор за иницијатива на студентите од овие факултети, во насока на промоција на имунизацијата како најдобра јавно здравствена превентивна мерка.
Настанот ќе се одржи во просториите на Економски факултет при УКИМ, со почеток во  12:30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот