Минималната синдикална кошничка во август изнесувала 49.345 денари

Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

На едно четиричлено семејство во земјава во август годинава му биле потребни 49.345 денари за да ја задоволи минималната синдикална кошница.

Иако се намалува инфлацијата, од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека сепак минималната кошница е зголемена од предходниот месец јули за 725 денари.

-Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоците за 1,9 отсто, оценува Сојузот.

Инфлацијата во јули изнесувала 8,3 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот