Милосављев пред Келн: Моите соиграчи се најголемите херои!
После заминувањето на Арпад Штербик, постоеше мало сомнение дека Вардар ќе биде „ослабен“ на голманското место, но Дејан Милосављев целосно го докажа спротивното.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Еден од клучните играчи во тимот на Парондо вели дека голема заслуга за неговите настапи има и тренерот на голманите, Дејан Периќ.
EHF Final4 semifinals:
Semifinal 1: FC Barcelona – RK Vardar
Semifinal 2: Telekom Veszprém – Vive Kielce
Who do you think will go to the final?#ehfcl #ehffinal4 #handball pic.twitter.com/BAcFegnAVG— Hballtransfers (@Hballtransfers) May 7, 2019
– Се разбира, тренинзите и добрата соработка со најдобрите играчи во светот ми дадоа верба и ја подигнав самодовербата за да можам да играм против сите. Сакам да играм под притисок и, како што велат тренерите и искусните играчи, нема шампиони ако нема притисок – рече Милосављев за официјалниот сајт на Европската ракометна федерација (EHF/Amina Idrizi).
Вардар се соочи со многу пречки оваа сезона, но ракометарите се желни да испишат нова историја, и благодарение на одличната тимска работа, трета година по ред Вардарци ќе настапат на завршниот турнир во ЛШ.
– Желбата за победа и големиот квалитет и искуство на играчите се заштитен знак на Вардар. Вистинските херои се раѓаат кога се соочуваат со тешки ситуации и можам слободно да кажам дека моите соиграчи се најголемите херои што ги познавам – додаде голманот на Вардар.
На 1 и 2 јуни се завршните битки во Келн за титулата во ЛШ, во вечерниот термин од 18:00 часот македонскиот шампион ќе ги одмери силите против можеби најголемиот фаворит за тронот, Барселона. За чуварот на мрежата Фајнал фор турнирот е сон на секој ракометар:
– Келн покажал дека не секогаш победуваат фаворитите. Мислам дека има многу фактори кои можат да одлучат кој ќе заврши на врвот. Се надевам дека ќе бидеме здрави и подготвени да го дадеме најдоброто на теренот. Играме во полуфиналето против тим кој игра перфектно, но ќе се бориме. Мојата желба за оваа сезона е да бидеме шампиони во Келн – вели Милосављев.
Потсетување дека Вардар го промовираше новиот дрес со кој ќе настапи на ракометниот спектакл во Германија.


