Милијардерот Елон Маск изјави на Твитер -„Ќе продадaм од акциите од Тесла, ако докажете дека моето богатство…“

Елон Маск

Најбогатиот човек на светот, Елон Маск одговори на коментарите од UN дека неговото богатство би можело да спаси 42 милиони гладни луѓе во светот. Тој не остана покус и одговори дека ако Светската програма за храна на Обединетите нации докаже дека тој мал дел од неговото богатство може да го реши проблемот со гладот во светот, ќе продаде дел од акциите во компанијата и ќе ги донира тие пари.

Елон Маск е во моментов најбогат човек на свет и прв милијардер кој достигна богатство од неверојатни 300 милијарди одлари, според индексот на Блумберг. Неговото богатство се проценува на 311 милијарди долари.

Откако Дејвид Бисли, директорот на UN светската програма за храна изјави за CNN дека донација од 6 милијарди долари од милијардери како Маск и Безос може да им помогне на 42 милиони луѓе кои буквално ќе умрат ако не стигне храна до нив, Маск не остана должен. Преку твитер – профилот порача дека ако Светската програма за храна на Обединетите нации може да опише како ќе го реши тој проблем со гладот во светот, тој веднаш ќе продаде дел од акциите на Тесла.

Освен ова, тој побара и гаранција и одговорност околу тоа колку пари ќе се потрошат.
Бисли му одговори преку Твитер профилот:

„Ве уверувам дека имаме системи за транспарентност и сметководство. Вашиот тим тоа може да го прегледа и да работи со нас, за да се уверите во процесот – препорача тој.

Исто така тој објасни дека никогаш не рекол дека тие 6 милијарди ќе го решат проблемот со гладот во светот.

„Тоа е една донација за спас на 42 милиони животи, во текот на оваа незапаметена криза за храна“, напиша на својот Твитер –профил.

Бисли веќе апелираше до познатите милијардери да направат чекор повеќе во решавањето на проблемот со гладот во светот.

„Не е нешто комплицирано. Не барам од нив да го прават тоа секој ден, секоја недела, секоја година“ – изјави Бисли за CNN.

Само 2 % од богатството на Маск е доволно за да се реши гладот во светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот