Милевски го повика Егзон Бејтулаи за мечевите во Лигата на нации

Егзон Бејтулаи во дресот на македонската А репрезентација/фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Откако капитенот Ристовски и напаѓачот Етеми поради повреда отпаднаа за претстојните натпревари против Грузија и Бугарија, селекторот на македонската А репрезентација одлучи да повика ново име во составот.

Нашиот стручен штаб предводен од Благоја Милевски прати дополнителен повик за одбранбениот играч Егзон Бејтулаи.

Фудбалерот на Шкендија се приклучува на подготовките и ќе конкурира за настап за претстојните два важни мечеви во Лигата на нации.

Бејтулаи (28) сезонава во шампионатот запиша до сега четири настапи во дресот на тетовските „црвено-црни“.

Последниот настап во сениорскиот репрезентативен дрес го имаше минатата година на Европското првенство против Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот