Нови проблеми: Без Етеми и Ристовски против Грузија и Бугарија

Македонија ослабена пред последните два натпревари во Лигата на нации/фото: ФФМ

Македонската А репрезентација денеска ги започнува подготовките за двата последни два натпревари од групата „3“ во Лига на нации против Грузија (Тбилиси, 23 септември) и Бугарија (Скопје, 26 септември).

Поради повреда веќе е познато дека Дарко Чурлинов нема да биде во составот на селекцијата за двете пресметки.

Дополнителни проблеми за селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски се новите две откажувања поради повреда. Капитенот Стефан Ристовски (повреда на тетивата) и напаѓачот Ваљон Етеми (повреда на бутниот мускул), исто така нема да можат да се стават на располагање за мечевите против Грузија и Бугарија.

Дефанзивецот Ристовски имаше одлични игри изминатиот период со Динамо Загреб во Лигата на шампионите против гиганти како Челси и Милан, а Етеми имаше прекрасни голови за Истанбулспор во најдобрата турска лига.

Нашиот стручен штаб подоцна во текот на денот ќе соопшти за дополнителен повик во репрезентацијата.

Македонската репрезентација денеска во 17.30 на тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје ќе го има првиот тренинг од подготовките.

Како што најавија од ФФМ, од денеска (19 септември) ќе започне продажбата на билети за натпреварот Македонија – Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот