Милан со луда пенал серија обезбеди пласман во ЛЕ, Тотенхем ја искина мрежата на Макаби

epa08713970 AC Milan's Alexis Saelemaekers (3-R) celebrates after scoring a goal during the UEFA Europa League playoff match between Rio Ave and AC Milan at Arcos stadium, in Vila do Conde, Portugal, 01 October 2020. EPA-EFE/JOSE COELHO

Седумкратниот европски шампион Милан едвај го преживеа гостувањето кај Рио Аве и преку подобро изведување на пенали успеа да обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на Европа.

Натпреварот во регуларниот дел заврши 1:1, по екстра продолженијата беше 2:2, а во пенал рулетот, победникот беше познат дури во 12. серија.
„Росоњерите“ поведоа со голот на Салемакерс во 51. минута, а Рио Аве израмни во 72. минута преку Жералдес.

Рио Аве преку Желсон во првата минута од првото продолжение поведе со 2:1, но „росоњерите“ во 120. минута израмнија од пенал откако Боревковиќ играше со рака, а Чалханоглу беше сигурен реализатор на пеналот.

Во пенал серијата се случуваше вистинска лудница, и двете екипи беа прецизни во првите седум пенали, потоа следеше осмата серија во која Коломбо шутира над голот на Рио Аве, но веднаш потоа Монте ја погодува стативата.

Потоа и двете екипи беа сигурни во деветтата серија за во 10. и 11. серија да ги промашат сите пенали, вклучувајќи ги и голманите кои шутираа. Победникот беше одлучен дури во 12. серија, Адерлан го промаши својот шут, додека Кјаер беше прецизен и го однесе Милан во Лигата на Европа.

Тотенхем буквално ја искина мрежата на Макаби Хаифа победувајќи со 7:2. Хари Кејн постигна хет-трик, а во листата на стрелци се запишаа и Моура, Ло Селсо два пати и Деле Али. За изралскиот тим головите ги дадоа Чери и Рукавица.

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски не настапи за Спортинг Лисабон бидејќи клубот одлучи да го стави на трансфер листата и не учествуваше во убедливиот пораз од 1:4 од Ласк.
Првото полувреме заврши 1:1, за во второто по Рагуз, Мичори и Грубер да постигнат голови со кои австрискиот тим дојде до убедлив триумф од 1:4 и си обезбеди пласман во групната фаза во ЛЕ.

Резултати:
Клуж – КуПС 3:1
Арарат – Црвена звезда 1:2
Шарлоа – Лех 1:2
Динамо Загреб – Флора 3:1
Либерец – АПОЕЛ 1:0
Малме – Гранада 1:3
Розенборг – ПСВ 0:2
Хапоел Бер Шива – Плзен 3:1
Динамо Брест – Лудогорец 0:2
Копенхаген – Риека 0:1
Легија – Карабак 0:3
Сараево – Селтик 0:1
Стандард – МОЛ 3:1
Базел – ЦСКА Софија 1:3
Дундалк – Клаксвик 3:1
Јанг Бојс – Тирана 3:0
АЕК – Волфсбург 2:1
Ренџерс – Галатасарај 2:1
Спортинг – Ласк 1:4
Тотенхем – Макаби Хаифа 7:2
Рио Аве – Милан 2:2 8:9 пен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот