Микиќ: Најлесно за нас епидемиолозите е да кажеме дека не треба да има јавен превоз

Комисијата за заразни болести ќе предложи зголемување на бројот на часови на полицискиот час доколку се покаже дека граѓаните не ја почитуваат сегашната која важи од 21 до 06 часот, изјави епидемиологот д-р Владимир Микиќ, во интервју за „Топ Тема“.

– Се обидуваме да одиме постепено, што е можно помалку да го пореметиме веќе нарушеното нормално живеење. Секако дека можеме да го воведеме полицискиот час да биде 18 часот доколу тоа се злоупотребува од граѓаните. Подобро е да издржиме еден или два месеци отколку да имаме ситауација како во Италија. Најлесно за нас како епидемиолози е да кажеме дека не треба да има јавен превоз, но тоа ќе повлече лавина на други проблеми, проблеми кои исто така ќе бидат големи. Зголемување на број на автобуси во шпиц часови ќе биде одлична за да се избегнат гужби. Ова е една од ретките ситуации кога патниците во автобусите да носат маски – рече д-р Микиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот