Мицотакис повторно го покрена предлогот за „ковид пасош“ на состанокот со Мишел, Фон дер Лајен, Меркел, Драги и Коста

epa08538668 A Covid-19 passport printed from the website Sundhed.dk, in Copenhagen, Denmark, 10 July 2020. With the new Covid-19 passport issued by the Danish authorities, Danes now have official documentation for testing on their travels abroad after they have downloaded an official certificate on their negative coronavirus test result. EPA-EFE/Ida Marie Odgaard DENMARK OUT

Предлогот за воведување европски сертификат за вакцинација одново го покренал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на состанокот преку видеоконференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел со претседателката Европската комисија Урсила фон дер Лајен, со премиерите на Португалија и Италија, Антонио Коста и Марио Драги, како и германската канцеларка Ангела Меркел, во рамките на подготовките за Европскиот совет во четврток и петок , јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од кабинетот на Мицотакис, справувањето со пандемијата и координацијата на земјите- членки на Европската унија, под призмата на новите случувања и прашањето за обезбедување вакцини.

-Премиерот на неговите соговорници им го повтори предлогот за воведување европски сертификат за вакцинација кој, кога епидемиолошките податоци ќе дозволуваат олеснување на рестрикциите за движење, ќе ги олесни безбедните патувања, соопштуваат од кабинетот на Мицотакис.

Грчкиот премиер ја повторил и важноста на брзото одобрување на новите вакцини од надлежните органи „со почитување на сите безбедносни протоколи, но без бирократски пречки”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот