Мицотакис нареди затворање на ски-центрите и организираните плажи во Грција

Фото: МИА

Организираните плажи и ски центрите во Грција, од утре влегуваат на листата мерки на грчката Влада за спречување на ширењето на коронавирусот, откако премиерот Кирјакос Мицотакис дал наредба тие да се затворат, јави дописничката на МИА од Атина.

– Само што дадов наредба, утре да се затворат сите организирани плажи и ски центри. Ситуацијата е сериозна и бара одговорност од сите. Ги избегнуваме јавните места со многу луѓе. Ајде сите да застанеме на новото, кое го бараат околностите. #остануваме дома – напиша вечерва грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на неговиот официјален Твитер профил.

Според медиумите во Грција, дел од граѓаните, денеска, наместо дома, решиле топлото и сончево време да го искористат за да посетат некоја од организираните плажи што поседуваат лежалки, во близина на Атина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот