Христијан Мицкоски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Мицкоски: Мнозинство не ја прими иницијативата за одложување на пописот со изговор дека не постоела институција Собрание на Република Македонија

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук напиша дека владиното мнозинство не ја примило граѓанската иницијатива за одложување на пописот.

– Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот е дека не постоела институцијата Собрание на Република Македонија. Кој се плаши и бега од сопствениот народ, срамно завршува. На утрешната седница на Централниот комитет ќе предложам да отпочнеме со собирање на граѓански потписи во градовите и селата. Никој не победил народ. Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот, напиша Мицкоски, кој во објавата споделува и допис од Собранието.

Претходно денеска во изјава за медиумите Мицкоски рече дека по поднесувањето на Иницијативата за поништување на Законот за попис, очекува собирањето потписи да почне најдоцна за еден месец и оти сега треба претседателот на Собранието да ја достави до матичните комисии кои ќе ја оценат нејзината исправност.

Доколку Владата, сепак, реши да предложи одложување на пописот, Мицкоски рече дека за нив идеално време за попис е пролетта во 2022 година и оти во јуни – јули „никој не прави попис”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот