Христијан Мицкоски Фото: Фејсбик Мицкоски

Мицкоски: Син ми е храбро момче, не е точно дека бил во многу тешка состојба

Синот на премиерот Христијан Мицкоски, кој беше меѓу учениците што се затруја во основното училиште „Димо Хаџи Димов“, е стабилен и не бил хоспитализиран, иако имал симптоми како и останатите деца.

„Антониј беше во групата дечиња. Не е хоспитализиран и не е во тешка состојба. Му беше лошо исто како и на другите дечиња. Три дена примаше инфузија, не одеше на училиште, но тој е храбро момче. Во жарот на таа дружба, дечињата консумирале иста храна. Оставам на институциите – да почекаме да видиме што ќе покажат резултатите, да не даваме суд. Подобар е и се надевам дека од понеделник ќе се врати со другарчињата“, изјави премиерот.

Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски, Антониј, беше еден од затруените ученици од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае во општината Карпош.

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), заедно со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, спроведоа вонредни контроли по што ја затворија кујната на операторот со храна во ООУ „Димо Хаџи Димов“.

Инспекциски тимови од АХВ вчера спроведоа вонредни инспекциски контроли во кујните на девет основни училишта во општина Карпош, каде добавувач со храна е токму фирмата „Ванила фуд“, која досега добавувала храна и за кујната во „Димо Хаџи Димов“.

Десетици ученици се затруле со храна во скопското училиште „Димо Хаџи Димов“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот