Синот на премиерот Мицкоски е меѓу децата затруени во училиштето во Влае
Помалиот син на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, Антониј, е еден од потешко затруените ученици од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае во општината Карпош.
Препорачано
Информацијата за „СДК.мк“ ја потврди владината портпаролка Марија Митева.
„Точно е дека и детето на премиерот е меѓу затруените со храна што ја конзумирале учениците во ОУ „Димо Хаџидимов“. И тоа беше беше меѓу хоспитализираните деца, но сега е пуштено на домашно лекување. Им посакуваме на сите деца од училиштето кои добија труење од храна што поскоро да оздрават, да им помине и да се вратат назад на училиште“, изјави Митева за порталот.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), заедно со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, денеска спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Скопје.
Акцијата следи по утринското известување дека повеќе ученици се пожалиле на стомачни болки. За да се утврди евентуалниот извор на труење со храна, Државниот здравствен и санитеарен инспекторат привремено ја затвори кујната.
Десетици ученици се затруле со храна во скопското училиште „Димо Хаџи Димов“


