Металург ќе игра во ракометната Лига на Европа

фото: РК Металург

Ракометарите на Металург загубија со 22:21 во реваншот во Цирих против Криенс, но триумфот од два гола на домашен терен ги однесе во групната фаза од Лигата на Европа.

Металург ќе биде третата македонска екипа која ќе игра во ракометните европски купови сеознава, откако го преживеа реваншот во Швајцарија против Криенс и загуби со минимални 22:21 откако со играч помалку успеа да се одбрани во последните моменти од натпреварот.

Овој пораз беше доволен за Металург да се најде во групната фаза од Лигата на Европа бидејќи на првиот натпревар во Скопје, „металурзите“ славеа со 26:24.

Првото полувреме помина во израмнета игра во која и две екипи имаа свои моменти, но на одмор се замина со минимална предност на Криенс од 12:11.

На стартот од вториот дел, швајцарскиот тим за прв пат поведе со три гола разлика (15:12) благодарение на двата гола на Гаврановиќ, но избраниците на Зоран Кастратовиќ преку Додиќ, Потиќ,Поповиќ и Хорват ја враќаат резултатската неизвесност (16:16) на 18. минути до крајот.

Потоа повторно следеше пад на концентрација на „металурзите“ која ја користи домашниот тим одново да направи три гола предност (20:17) надесет минути до крајот. Во финишот на натпреварот, прво Канкараш, а потоа и Мариќ намалуваат на 20:19 за неизвесна завршница. Во неа, Харбуз зголемува на 21:19, но во следниот напад Канкараш погодува за 21:20 на пет минути до крајот. На две минути до крајот Мариќ носи израмнување и супер неизвесна завршница.

Ракометарите на Криенс веднаш постигнаа гол за минимално водство, но Металург успеа да преживее иако во последните 20 секунди играше со ракометар помалку, домашниот тим имаше напад кој не го реализира поради пробивање.

Канкараш со пет постигнати гола беше најпрецизен во редовите на Металург, а по четири дадоа Златко Хорват и Тарабокиа, додека на голот блескаше Дупјачанец.

Металург со пласманот во групната фаза во ЛЕ им се приклучи на екипите на Вардар и на Е. Пелистер кои исто така се дел од европските купови, „црвено-црните“ играат во ЛШ, додека битолчани обезбедија директен пласман во групната фаза на ЛЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот