Мета: Одлуката за мое разрешување е да се оттргне вниманието од изборниот криминал

Илир Мета/ Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Албанскиот претседател Илир Мета, на првата средба со новинарите по одлуката на законодавниот дом за негово разрешување, тоа го оцени како „последна претстава на монистичкиот парламент”.

-Се обидовме да останеме подалеку од таа претстава, бидејќи беше јасно дека таа се прави за да се оттргне вниманието од истрагата за изборниот криминал и неговото расветлување и да се пренасочи вниманието кон виновниците кои не постојат. Затоа, ја нагласувам мојата подготвеност, иако парламентот е распуштен од 25 април, да се сретнам со иницијаторите на оваа претстава во законскиот рок кој беше точно датумот на 10 мај и за кој ги информирав многу денови пред и кои тие го одбија, рече Мета на забелешката на анкетната комисија дека не дошол на сослушување пред Комисијата.

Тој додаде дека комисијата одбила тоа да биде на 10 мај по што тој не можел да одговори на нејзиното барање поради веќе претходно пополнета агенда, во која биле средбите со министерот за надворешни работи на Австрија и со претседателот на Словенија.

На прашањето дали ќе ја признае одлуката на Уставниот суд доколку ја потврди онаа на Парламентот за неговото разрешување, Мета повика на трпеливот.

-Бидете трпеливи до 24 јули следната година (тогаш завршува неговиот мандат). Ние ќе бидеме тука во континуитет. Овој период нема да бидеме премногу интензивни, бидејќи ќе оставиме време да заврши процесот на изборни приговори и овој процес да добие внимание. Потоа со почетокот на новата парламентарна сезона ќе бидеме многу активни тука, додаде Мета.

Уште кажа дека оваа невалидна одлука на еднопартискиот парламент нема никакво влијание врз него, одговарајќи на прашањето дали ќе го спречи декретирањето на новата влада на Рама.

-Ова воопшто не влијае на мене. Врз мене влијание има само Уставот на Република Албанија и нашиот национален интерес, нашиот јавен интерес и нашиот европски интерес и отворањето на преговорите со ЕУ, порача албанскиот претседател Мета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот