Меси сега никогаш подалеку од Барса – ултиматум кој тешко ќе биде остварен за 48 часа?

фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Нов ден, нови возбудувања и различни информации за евентуалното враќање на Лионел Меси во Барселона. Откако навивачите на Барселона се возбудија по вчерашната информација дека „Ла Лига“ денеска и официјално ќе го одобри финансискиот план на Каталонците, не е доволен услов Аргентинецот да ја прифати понудата.

Шпанскиот новинар Жерар Ромеро детално ја објасни моменталната ситуација која и покрај договорот меѓу Барса и „Ла Лига“, не е толку поволна.

Хорхе Меси (таткото на фудбалерот) најави дека Лео ќе донесе официјална одлука за својата иднина најдоцна до среда и дека најверојатно тоа ќе го соопшти јавно. Управата на Барселона гледа на овој потег како максимален притисок врз клубот во многу деликатна ситуација. Искрено, не разбирам зошто ова го прави семејството Меси. Барселона е во ќорсокак. „Ла Лига“ ќе го одобри планот, но клубот не може да испрати официјална понуда до Лео додека не ги продадат играчите, што е следен чекор за регистрација на договорот на Меси.

ВИДЕО | Taткото на Меси на состанок со Лапорта: Лео сака да се врати во Барселона

Клубот мора ИТНО да почне да продава ако сака да го врати Лео и се под огромен притисок. Без продажба Барса не може да му гарантира на Лео дека договорот ќе му биде регистриран сигурно затоа што немаат доверба во „Ла Лига“. Продажбата треба да се случи буквално во следните часови, најдоцна еден ден, инаку ќе биде доцна. Истовремено, играчите се во Јапонија, каде ги очекува пријателски натпревар со Висел, па како може клубот да ги продава? Многу деликатна ситуација – објави Ромеро доцна синоќа и додаде:

– На мојот соработник Карлос Монфорт му беше кажано од Хорхе Меси дека Лео би се согласил да игра за Барса бесплатно ако тоа е законски можно. Тој ја гледа Барселона како свој дом, но Хорхе верува дека враќањето на Лео е речиси невозможно, бидејќи времето истекува и Меси сака што поскоро да знае каде ќе игра следната сезона. Подгответе се за уште еден ден со ролеркостер од емоции – вели Ромеро.

ПСЖ се збогуваше со Меси: Задоволство беше да те гледаме две години во Париз

И покрај овие тврдења од Каталонија, аргентинската новинарка Вероника Брунати, на својот Твитер потврди дека од денеска Барса може официјално да испрати понуда и потоа да го спроведе својот план до регистрација.

Во суштина, необјаснив е притисокот на таткото на Меси сè да биде завршено во рок од 48 часа, бидејќи Лео е обврзан со неговиот договор со ПСЖ до 30 јуни и практично не можеше ниту да се пријави во Барса пред јули. Но, проблемот е што понудата од Саудиска Арабија е на маса уште само неколку дена и Хорхе Меси се приклонува кон 1,2 милијарди евра што му ги нудат за две години во Ал Хилал.

Ефект Меси: ПСЖ загуби скоро два милини следбеници на Инстаграм откако објави дека Меси заминува

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот