ВИДЕО | Taткото на Меси на состанок со Лапорта: Лео сака да се врати во Барселона

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Шпанскиот новинар кој ја следи Барселона, Тони Хуанмарти успеа да го сними таткото на Меси, Хорхе како влегува во зграда на состанок со Жоан Лапорта.

Состанокот траела околу 30-тина минути, а по завршувањето на истиот дал оптимистична изјава кога во прашање е можното враќање на Меси во Барселона.

„Лео сака да се врати во Барселона и јас би сакал да го видам повторно во Барса. Враќањето во Барселона е опција, наскоро ќе знаете што ќе се случува“, изјави таткото на Аргентинецот.

 

Покрај Барселона во игра се Ал Хилал од Саудиска Арабија, но и Интер Мајами на Дејвид Бекам, сепак како што стојат работите изгледа тоа се резервни опции ако Барселона не пронајде начин да го регистрира Аргентинецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот