Ефект Меси: ПСЖ загуби скоро два милини следбеници на Инстаграм откако објави дека Меси заминува

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Викендов и официјално беше потврдено дека Лионел Меси го одигра својот последен натпревар во дресот на ПСЖ и засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Но, какво влијание има Аргентинецот доволно зборува податокот дека клубот од Париз изгуби 1.7 милиони следбеници на Инстаграм откако беше официјално објавено заминувањето на Меси.

ПСЖ заминувањето на Аргентинецот го потврди непосредно пред саботниот натпревар против Клермон во кој Меси доби свирежи од навивачите. По објавата дека заминува Инстаграм профилот на ПСЖ падна од 70.4 милиони следбеници на 68.7 колку што има во овој момент.

Покрај Инстаграм, забележан беше пад и на Твитер каде што бројот на следбеници на парижаните се намали за десетици илјади „навивачи“.

Засега Меси најмногу се поврзува со преминување во Ал Хилал во Саудиска Арабија, но се споменуваше и враќање во Барселона, па останува да видиме што ќе се случува.

ПСЖ се збогуваше со Меси: Задоволство беше да те гледаме две години во Париз

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот