ПСЖ се збогуваше со Меси: Задоволство беше да те гледаме две години во Париз

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Тоа што беше јасно од претходно вечерва само доби официјална потврда, ПСЖ се збогуваше со Лионел Меси кој си заминува од Париз по две сезони.

Тренерот Галтие потврди и пред два дена дека Меси нема да продолжи во Париз, а неговиот следен потег во кариерата би требало да биде познат во наредните недели.

Засега во игра е враќање во Барселона, а се поврзува и со Ал Хилал од Саудиска Арабија кој наводно му нуди договор од 1.2 милијарда евра за две години.

„Задоволство беше да се гледа Меси две години во Париз, беше инспирација за младите фудбалери и неговиот придонес за клубот никој не може да го потцени. Му посакуваме се најдобро во иднина“, објави првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот