Пукна „бомбата“ во Париз: Галтие потврди, Меси заминува од ПСЖ!

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Tренерот на францускиот шампион, Пари Сен Жермен официјално потврди дека Лионел Меси заминува од Пари Сен Жермен.

Договорот на Меси истекува на лето и веќе долго време се најавуваше дека заминува, незадоволни од односот кон клубот беа и навивачите. Последниот натпревар на Меси за ПСЖ ќе биде бикендов против Клермон.

„Навистина ми беше привилегија да го тренирам најдобриот фудбалер во историјата. Натпреварот против Клермон ќе биде последниот за Лео на „Паркот на Принцовите““, изјави Галтие.

Меси во Париз пристигна летото 2021 година по финансиските проблеми во Барселона. Засега не е познато каде ја продолжува кариерата, се најавува враќање во Каталонија, но изгледа дека прв фаворит е Ал-Хилал од Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот