ВИДЕО | Меси испратен со свирежи, Рамос стрелаше за збогум, ПСЖ поразен од Клермон

Пари Сен Жермен вечерва претрпе пораз од Клермон во последниот натпревар на Лионел Меси во дресот на ПСЖ (2:3).
Пред почетокот на натпреварот Меси доби свирежи од навивачите на „Парко на принцовите“ кои не се задоволни од она што Аргентинецот го прикажа во изминатите две години.
🇦🇷😳 SILBIDOS para Leo Messi en el Parque De Los principies.
Nunca estarán a la altura del más grande. pic.twitter.com/GewBhfZtU4
— Juego Ofensivo (@JuegoOfensivo) June 3, 2023
Водеше ПСЖ со 2:0 по само 20-тина минути игра со головите на Рамос и Мбапе и од пенал. Покрај Меси ова беше последен натпревар и за шпанскиот дефанзивец кој така со гол се прости од Париз.
Клермон до намалување на 2:1 стигна во 24-тата минута, за пред крајот на првото полувреме Зефене да изедначи на 2:2.
Се играше 63-тата минута Кјеи погоди и ги постави конечните 2:3. ПСЖ и покрај поразот ја прослави шампионската титула во Лига 1, а во новата сезона многу веројатно ќе влезат и со нов тренер, како и со дополнителни промени во играчкиот кадар.