Мештани од крајбрежно село гневни на познатата актерка: „Ги брка туристите и ни го прави животот пекол…“

Фото: Instagram / cate_blanchettofficial

Фрустрираните жители на едно зафрлено приморско село во Корнвол се гневни на актерката Кејт Бланшет (54) кои велат дека таа им го „прави животот пекол“ и ги брка туристите поради постојаните градежни работи во нејзината вила што ја реновира, пишува „Дејли мејл“.

Во 2020 година, Кејт купи куќа вредна 1,6 милиони фунти во Моган Порт со нејзиниот сопруг Ендру Аптон, но набрзо ја сруши за да создаде „еколошки дом“ со пет спални соби и базен.

Мирното село, кое се наоѓа на само шест километри северно од Њукеј, е наречено „Холивуд покрај морето“ поради неговата популарност кај актерите, а исто така е дом на актерите Џејсон Момоа и Џејми Дорнан.

Но, откако започна реновирањето на имотот на популарната актерка, многу локални жители се пожалија дека „бучните градежни работи“ се одразуваат на нивниот животен стандард.

„Кога ќе го отворите прозорецот, се слуша бучава од дупчење. Ни ги загорчува животите“, коментира еден сосед кој истакна дека туризмот е клучен за регионот во кој живеат.

Мештаните долго време се сомневаа во новите жители на селото и претходно тврдеа дека нивното идилично место е „уништено“ од приливот на познати личности. На почетокот на оваа година, жителите открија дека се градат домови од повеќе милиони фунти.

Исто така, жителите на Корнвол тврдат дека новите сопственици ги уриваат традиционалните бунгалови од 1930-тите за да изградат нови луксузни домови.

Иако постои возбуда меѓу локалното население од можноста да се сретнат со позната личност во супермаркет како што е Кејт Бланшет, многумина тврдат дека покрај кризата со станбени објекти, приливот на нови куќи за одмор и сопственици на секундарни домови уште повеќе го отежнува живеењето на помладите генерации во селото.

Според податоците од пописот, Корнвол е најпопуларната дестинација во Велика Британија за поседување на втор дом, со 6.080 викендички кои ги користат 14.230 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот