Мешков Брест третопласиран на Ф4 турнирот во Задар

фото: seha-liga

Денеска во натпреварот за третото место составот на Мешков Брест со резултат 29:24 го совлада ППД Загреб.

На Фајнал-фор турнирот во СЕХА Газпром лигата кој се одржува во Задар (Хрватска), во победничките редови на белоруската екипа доминираше Андреј Јуринок со седум голови.

На спротивната страна за хрватскиот претставник Немања Обрадовиќ петпати се запиша во листата на стрелците.

Мешков по третпат во својата клупска историја се закитува со бронзениот медал на Ф4 турнирите во СЕХА, претходно тоа му успеа уште во 2017 и 2019 година.

Од 20.30 часот е финалето во салата „Крешимир Ќосиќ“ помеѓу екипите на Вардар 1951 и Веспрем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот