Liam Payne and Maya Henry / Photo: Maria / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Менаџерот на хотелот во Буенос Аирес: „И поранешната девојка на Лијам Пејн беше таму“

Менаџерот на хотелот „КасаСур“, во кој престојуваше Лијам Пејн пред трагично да го загуби животот, тврди дека поранешната девојка на пејачот била таму во исто време како и Пејн.

Да потсетиме, Пејн почина на 31-годишна возраст откако падна од балконот на третиот кат во хотелот „КасаСур“ во Буенос Аирес. Естебан Граси, менаџерот на хотелот, сега изјави за аргентинските медуми дека во хотелот ја видел и поранешната девојка на Пејн, пишува „Мирор“.

„Лијам беше сам, но и неговата поранешна партнерка беше во близина“, изјави тој.

„Значи, и таа беше во хотелот?“, беше прашан во емисијата, а менаџерот одговори: „Да, еден кат погоре“.

Инаку, тој не прецизираше за која поранешна партнерка на Пејн станува збор бидејќи Граси не ја именуваше. Последната девојка на Лиам Пејн, Кејт Кесиди, го напушти Буенос Аирес за да се врати во Америка неколку дена пред смртта на Пејн, откако беше на одмор со него во Аргентина.

Многумина сметаат дека станува збор за поранешната свршеница на Пејн, Маја Хенри, но извори до пејачот го демантираа тоа.

„Маја Хенри никогаш не била во Аргентина и не се смирила со Лиам“, велат тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот