Кети Пери и Џастин Трудо / Фото: Profimedia

ФОТО | Кети Пери и Џастин Трудо за првпат заедно на црвен тепих, веќе не ја кријат врската

Поп-ѕвездата Кети Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо за првпат заедно се појавија на црвен тепих, со што уште еднаш потврдија дека нивната врска е сериозна.

Двојката присуствуваше на премиерата на концертниот филм „Кети Пери: турнејата Лајфтајмс – во живо од Париз“ (Katy Perry: The Lifetimes Tour – Live from Paris) во рамките на фестивалот „Трајбека“ во Њујорк.

За оваа пригода, 41-годишната пејачка избра бел фустан со детали во форма на рози и собрана фризура, додека 54-годишниот Трудо се појави во класичен црн костум со бела кошула. Додека Пери позираше пред фотографите и разговараше со новинарите и обожавателите, Трудо не ја симнуваше насмевката од лицето.

Кети Пери и Џастин Трудо / Фото: Profimedia

Во разговор за списанието „Пипл“, пејачката истакна дека новиот филм е сосема поинаков од нејзиниот документарец „Дел од мене“ (Part of Me) од 2012 година.

„Тоа беше документарец за мојот живот, а ова е концертно искуство на највисоко ниво за фановите“, изјави Пери.

Гласините за романса меѓу пејачката и канадскиот политичар започнаа во јули 2025 година, кога беа фотографирани во парк во Монтреал, а подоцна и на вечера во познат ресторан во градот. Набргу потоа, Трудо беше забележан и на нејзин концерт во Монтреал.

Кети Пери и Џастин Трудо / Фото: Profimedia

Нивната врска започна кратко откако беше потврдено дека Кети Пери и актерот Орландо Блум ја раскинале свршувачката по девет години заеднички живот.

Во меѓувреме, Кети веќе се зближила и со децата на Трудо. Неговиот 18-годишен син Ксавиер неодамна откри дека често бара музички совети од пејачката.

„Кога сум навистина задоволен од некоја песна, ѝ ја испраќам. Таа секогаш е подготвена да ми даде совет или да ми каже што би требало да променам“, изјавил тој.

Ова не е прв јавен настан на кој заедно се појавуваат Пери и Трудо, но е нивно прво официјално заедничко позирање на црвен тепих.

ФОТО | Кети Пери сподели нова фотографија од Џастин Трудо и испрати силна порака

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот