Мекларен се повлече од трката за ГН на Австралија

Тимот на Мекларен одлучи да се повлече од Ф1 трката за Големата награда на Австралија со која викендов и официјално треба да започне новата сезона. Причина за откажувањето е позитивниот тест на коронавирус на член на тимот.


„Мекларен Рејсинг потврдува дека се повлекува од трката во Австралија 2020 со оглед на позитивниот тест на еден наш член. Нашиот член беше во самоизолација и беше тестиран веднаш кога започна да покажува симптоми. Го презедоа локалните здравствените власти“, стои во соопштението д Мекларен.

За оваа одлука е информирана и ФИА од страна на директорите на Мекларен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот