Европски парламент/ Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Меѓународната конфедерација на синдикати го суспендираше генералниот секретар поради „Катаргејт”

Меѓународната конфедерација на синдикати (МКС) денеска го суспендираше генералниот секретар, Лука Висентини, поради можна негова вмешаност во случајот „Катаргејт” за наводна корупција во Европскиот парламент.

Висентини, кој пред еден месец стана генерален секретар на МКС, изјави дека е невин.

МКС соопшти дека на вонреден состанок била донесена одлука за суспензија на Висентини до 11 март, кога повторно ќе биде разгледувано прашањето.

„Ова на ниту еден начин не подразбира каква било вина”, се наведува во соопштението на МКС.

Висентини беше еден од шесте лица кои беа приведени на распит во врска наводните плаќања направени од Катар за да се влијае врз донесувањето одлуки во Европската унија (ЕУ), но тој не е еден од четворицата обвинети во аферата наречена „Катаргејт”.

Катар негираше вмешаност во коруптивни активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот