Меѓународна конференција на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје по повод 45 години постоење

Раководството на ФФОСЗ со гостинот од Словачка/Фото: ФФОСЗ

Пленарни предавачи беа деканката на ФФОСЗ, проф-д-р Ленче Алексовска – Величковска, како и гостите, проф. д-р Бранислав Антала од Словачка и проф. д-р Мехмет Гунај од факултетот во Анкара, Турција.

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ), по повод 45 години од фомирањето ја организираше Петтата меѓународна конференција, посветена на истражувањата во областа на спортот и физичката култура.

Конференцијата беше онлајн, а пленарни предавачи беа деканката на ФФОСЗ, проф-д-р Ленче Алексовска – Величковска, како и гостите, проф. д-р Бранислав Антала од Словачка и проф. д-р Мехмет Гунај од сродниот факултет во Анкара, Турција.

Во рамките на конференцијата, свое обраќање имаше и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф-д-р Никола Јанкуловски, а беше емитуван и документарен филм, посветен на ФФОСЗ.

– Факултетот за физичко образование, спорт и здравје има со што да се пофали во изминатите четири ипол децении постоење. Продолжуваме по стапките на основачите и сите оние што дадоа придонес за неговата афирмација, како во земјава, така и во странство. Особено сме горди што институциите ја сфаќаат важноста на физичкото воспитување и образование кај младите. Круна на таа соработка е воведувањето „тандем наставници“.

На часот по физичко кај учениците од прво до петто одделение, покрај одделенскиот, сега има и наставник со диплома од нашиот Факултет, со цел подобрување на квалитетот на наставата по тој предмет, а со тоа и на здравјето на младата генерација – изјави за „Слободен печат“ проф. Д-р Ленче Алексовска.

Фото: ФФОСЗ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот