Меган не сакала да го напуштат кралското семејство, тоа е масло на Хари

epa-efe
Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Кога принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) во јануари отстапија од кралските должности, сите ја осудија Меган за таа одлука, но се чини дека не е така. Странските медиуми пишуваат дека зад сè стои принцот Хари, кој воопшто не го сака називот „Мегзит“ бидејќи тоа инсинуира дека неговата сопруга го почнала целиот процес.

Книгата наречена „Пронаоѓање слобода: Хари и Меган и правењето модерно кралско семејство“ излегува на средината на август и во неа ќе се откријат деталите поради што дошло до напуштање на кралското семејство.

Како што изјавил извор за странски медиуми, принцот Хари бил многу несреќен, а Меган само го поддржала да ја донесе одлуката што на крајот го шокираше светот.

Хари, наводно, никогаш не уживал во својата позиција и постојано изјавувал дека многупати во животот посакал да не е принц. Го мразел и медиумскиот притисок што кралското семејство го трпи со години.

Исто така, изворите додаваат дека Хари бил загрижен за Меган затоа што фотографите ја опседнувале, исто како и неговата мајка, принцезата Дајана, па првенствено сакал да го заштити семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот