ФОТО+ВИДЕО | „40х40“: Меган Маркл се појави во друштво на Мелиса Мекарти по повод својот роденден
Меган Маркл вчера го прослави својот 40-ти роденден и по тој повод објави видео во кое се појавува првпат по раѓањето на нејзината ќерка Лилибет Дијана, која се роди на почетокот на јуни.
Во видеото, кое го објави на инстаграм-профилот на фондацијата „Archewell“, Меган ја ангажирала актерката Мелиса Мекарти за да го промовира својот нов проект „40X40“, со кој сака да им помогне на жените кои ја загубиле работата за време на пандемијата.
„Размислувајќи за мојот 40-ти роденден и многуте работи за кои сум благодарна, ме изненади тоа што времето е едно од нашите најголеми и најсуштински подароци. Време со нашите сакани, време за правење работи што ги сакаме, време поминато во учење, смеење, растење, и светото време што го имаме на оваа земја. Меѓу највредните дарови е и времето поминато во служба на другите знаејќи дека може да придонесеме за неверојатни промени. Со мојот 40-ти круг околу сонцето, се прашувам: што ќе се случи ако сите посветиме 40 минути да помогнеме на некој друг или да бидеме ментор на некој кој има потреба од тоа? И тогаш што ќе се случи ако ги замолиме нашите пријатели да го сторат истото?“, е само дел од описот на видеото на Меган.
Војвотката од Сасекс се појави во едноставна бела маичка и џемпер, а видеото е направено во нејзиниот дом во Калифорнија. За време на нејзиното обраќање, се забележува едно од нејзините кучиња како ужива свиткано на перницата позади неа.
View this post on Instagram
Во еден момент, камерата го фаќа бирото на Меган, на кое се поставени досега невидени семејни фотографии.
На самиот крај на видеото се појавува и Хари, кој може да се види низ прозорецот како жонглира во дворот.
Да потсетиме, членовите на британското кралско семејство на социјалните мрежи ѝ го честитаа 40 -тиот роденден на Меган.