Протекоа детали за роденденската забава на Меган Маркл

меган маркл
Фото: Profimedia

На 4 август, Меган Маркл ќе го прослави својот 40-ти роденден. По тој повод, таа планирала прослава во нејзиниот дом во Санта Барбара.

Имено, во јавноста протече веста дека таа ја ангажирала Колин Коуви како организатор на забавата која инаку ги планира забавите на Опра Винфри.

„Меган сака малку дружба, така што на нејзината забава покани околу 65 луѓе, вклучувајќи ги и најблиските пријатели и семејството. Колина ѝ ја препорача Опра затоа што организира фантастични забави“, рекол извор за „Mirror“.

Принцот Хари наводно нарачал торта од локална слаткарница за роденденот на неговата сопруга. На забавата било замислено да се служи локална храна и вино од околните винарии.

На роденденската забава треба да бидат и Опра Винфри и Гејл Кинг, со кои Меган станала блиска откако со Хари се преселија во Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот