Меган Маркл денес го слави својот 40-ти роденден: Членовите на кралското семејство со официјални честитки

меган маркл
Фото: Profimedia+EPA-EFE

Војвотката од Сасекс и сопругата на принцот Хари, актерката Меган Маркл денеска полни 40 години.

Како ќерка на афроамериканка и татко белец, Меган цел живот се борела со разни расистички провокации, почнувајќи од детството во Калифорнија до Холивуд, каде што имало малку простор за неа од самиот почеток, како што призна и самата Меган во една прилика „на аудициите за некои улоги бев премногу бела, а за други бев премногу темна“, алудирајќи на бојата на нејзината кожа.

Сепак, среќата ѝ се „насмевнала“. Маркл доби споредна улога во популарната серија „Suits“ која се снимаше во Канада со која воедно и се прослави.

Меган беше во врска со актерот Тревор Енгелсон шест години, со кој подоцна и се омажи. Тие се разведоа по две години брак.

Се омажи за принцот Хари во септември 2016 година, една година откако се верија. Вереничкиот прстен што Хари тогаш ѝ го подарил на Меган бил направен од парче накит на покојната принцеза Дијана, а истиот го дизајнирал самиот Хари. Меган се откажа од актерската кариера поради Хари.

„Бевме во викендица и печевме пилешко. Одеднаш тој ме запроси. Беше природно, романтично и слатко“, откри Меган во една прилика.

Profimedia
Фото: Profimedia

И колку што Британија со нетрпение ја чекаше венчавката на својот принц, Меган беше она од што многумина се плашеа. Три години подоцна, двојката се откажа од кралските титули и го напушти кралското семејство со својот син Арчи. Меган и Хари се преселија во Калифорнија. Меган повторно забремени и пред еден месец ја роди ќерката Лилибет Дијана која ја роди во Америка.

Во скандалозното интервју со Опра Винфри, Меган призна дека институцијата (мислејќи на кралското семејство), секогаш ја штитела Кејт од разни наслови во медиумите, но таа го немала истиот третман.

Фото: Профимедиа

Водителката Опра Винфри во една прилика рече дека гласините за Меган не се вистинити.

„Мислам дека беше погрешно прикажана во медиумите и мислам дека воопшто не е фер. Ако луѓето ја запознаат, ќе разберат дека таа е прекрасно, топло, драго суштество кое е полно со љубов“, рече водителката и додаде дека грдите гласини кои кружат за Меган во никој случај не се вистинити.

4 август е важен датум за кралското семејство, особено за кралицата Елизабета Втора. Имено, на тој ден се родила и нејзината сакана мајка, покојната кралица мајка.

„Ѝ посакуваме среќен 40 -ти роденден на војвотката од Сасекс!“, стоеше во описот на фотографијата објавена на официјалниот твитер-профил на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Роденденска честитка за роденденот на Маркл се појави и на официјалниот твитер-профил на кралското семејство со неколку фотографии од војвотката. Роденденот ѝ го честитаа и принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол.

Роденденската забава на војвотката треба да се одржи во нејзиниот дом во Санта Барбара. Куќата, проценета на 15 милиони долари, има огромна градина и доволно приватност за безгрижно да собере 65 гости.

Протекоа детали за роденденската забава на Меган Маркл

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот