Фото: EPA/JOHN G. MABANGLO

Медведев го совлада Алкараз и закажа финале против Синер во Индијан Велс

Данил Медведев го елиминираше моментно најдобриот тенисер во светот, Карлос Алкараз, во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс, САД. Медведев славеше по нешто повеќе од час и половина игра против Шпанецот со резултат 2:0 во сетови 6:3 и 7:6 (3). Ова е прв пораз на Алкараз оваа година, по 16 последователни триумфи.

Во првиот сет, Медведев беше повеќе од самоуверен, не дозволувајќи му шанса на противникот, а клучниот брејк го направи во четвртиот гем.

Во вториот сет Алкараз направи брејк за 3:1, дојде и до шанса да дојде до израмнување во сетови, при водство од 5:4 имаше две сет топки, но истите не успеа да ги искористи.

Се влезе во тај-брејк во кој Шпанецот дојде до првиот поен во тај-брејкот, но застана тука. Медведев врза шест поени по ред, брзо користејќи ја третата меч-топка.

Медведев на тој начин му се одмазди на Алкараз за неговите порази во Калифорнија во 2023 и 2024 година. Финалето помеѓу Медведев и Јаник Синер е закажано за в недела од 22.00 часот по македонско време.

Италијанецот Синер во второто полуфинале го совлада Германецот Александер Зверев со 6:2 и 6:4 по еден час и 24 минути игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот