Медведев би можел да биде исфрлен од грен слем турнирите!?

И Данил Медведев би можел да биде суспендиран поради руската инвазија на Украина/ фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Првиот светски тенисер Русинот Данил Медведев би можел да биде исфрлен од сите тениски турнири, вклучувајќи ги и Грен слемовите.

Според шпанскиот „Ас“, првиот човек на Украинската тениска асоцијација Сева Кевлич побара од ИТФ да ги исфрли руските тенисери од сите натпреварувања.

Минатата недела ИТФ ги откажа сите турнири во Русија и Белорусија, а наводно е предлог за исклучување на руските тенисери од сите натпреварувања.

Медведев и неговиот колега од Дејвис купот Андреј Рубљов пред неколку дена испратија антивоени пораки.

– Гледањето на вестите за војната и будењето овде во Мексико не е лесно. Како тенисер сакам да промовирам мир во светот. Играме во толку многу различни земји, бев во толку многу земји како јуниор и професионалец… Не е лесно да се слушаат сите овие вести. Јас сум за мир – рече Медведев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот