МБА: Поволностите на банките наменети само за осубјектите кои се во неможност да ги сервисираат обврските
Сите оние кои се во можност да продолжат да отплаќаат, да го сторат тоа и да покажат солидарност се вели во пораката упатена од МБА.
Одлагање на отплатата на кредитите до шест месеци, односно најдоцна до 30 септември е одлуката на банките членки на Македонската банкарска асоцијација донесена на 26-ти овој месец што ќе ја понудат на граѓаните. Дел од банките, како што наведуваат од МБА, веќе започнаа со објава за промена во условите за плаќање на кредитите што произлезе од околностите настанати од коронавирусот.
Препорачано
Од банкарската асоцијација истакнуваат дека мерките што вклучуваат одложување на отплатите на кредитите се наменети за оние физички лица и компании кои навистина се во неможност во овој период да продолжат со подмирување на своите обврски кон банките и штедилниците и други доверители заради престанок со работа на компаниите, губење работни места, намалување плати итн.
Сите оние кои се во можност да продолжат да отплаќаат, да го сторат тоа, се вели во пораката упатена од МБА. На тој начин ќе покажат солидарност со сите оние на кои навистина им е потребна помош во текот на корона-кризата, нагласуваат од МБА.


