Маж активирал експлозив во воз во Германија, има повредени
Против мажот кој вчера вечерта во воз во близина на Бон активирал експлозивно средство и со нож им се заканувал на патниците, денеска му е одреден истражен притвор, а државното обвинителство не ја исклучува политичката позадина на делото со оглед на тоа што осомничениот е познат како припадник на екстремно десничарската сцена, објави АП.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Против осомничениот е покрената истрага поради сомнение за повеќекратен обид за убиство, обид за нанесување телесни повреди и прекршување на законот за експлозивни средства“, соопшти државното обвинителство во Диселдорф.
Дваесетгодишниот германски државјанин се товари дека во супербрзиот воз на релација Ахен–Франкфурт во четвртокот вечерта активирал засега непознато пиротехничко средство, при што се повредени 12 патници.
Како што понатаму пренесуваат медиумите, осомничениот им се заканувал на патниците дека ќе ги убие со нож. Неколку патници го совладале напаѓачот и го затвориле во тоалетот сè додека во возот, на станицата Зигбург/Бон, не влегла полицијата.
Обвинителството исто така укажува на можна политичка позадина на делото со оглед на тоа што осомничениот ѝ е познат на полицијата како припадник на екстремната десница. Исто така, некои индиции укажуваат и на психичко заболување кај осомничениот.
Драма во брз воз во Германија — маж се заклучил во тоалетот и фрлал петарди кон патниците
Уапсен е полицаец – возел во спротивна насока кај МВР, па му се заканувал на колегата кој го запрел


