Уапсен е полицаец – возел во спротивна насока кај МВР, па му се заканувал на колегата кој го запрел
Полицајци вчера го уапсиле својот колега С.Р. (45), вработен во Секторот за општи и заеднички работи на МВР, откако тој возел во спротивна насока, претекнувал колона на автомобили и потоа се заканувал на друг полицаец што му побарал лична карта.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„При вршење на физичка регулација на сообраќајот на крстосницата од улицата ‘Јордан Мијалков’ со улицата ‘Димче Мирчев“ во Скопје, полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило ‘мерцедес’, управувано од С.Р., кој се движел во спротивна насока и воедно претекнувал колона на возила. Откако му бил побаран документ за идентификација, С.Р. се претставил дека е вработен во МВР и рекол дека нема лична карта, по што почнал агресивно да се однесува и да му се заканува на полицискиот службеник“, соопштуваат од МВР.
Како што велат оттаму, С.Р. е приведен и известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
Го измил телото на својот татко и го подготвувал за погреб — детали за свирепото убиство во Гостивар


