Фото: илустрација / Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Го измил телото на својот татко и го подготвувал за погреб — детали за свирепото убиство во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар нареди истрага против 33-годишниот гостиварец, кој е осомничен дека го убил својот татко, а се обидел да го скрие убиството. Според информациите, осомничениот го удирал татка си со раце и со тврди метални предмети по што човекот починал, а тој ги скрил трагите.

„При вршење семејно насилство во домот во гостиварската населба Дутлок осомничениот 33-годишник со умисла го лишил од живот сопствениот татко. Тие започнале расправија заради претходни меѓусебни недоразбирања, по што синот физички го нападнал таткото, удирајќи го со рака и тврди метални предмети се додека не му нанел тешки повреди од кои оштетениот починал. Веднаш по настанот осомничениот ги прикрил трагите, а телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб. Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на лице место, а увид изврши и јавен обвинител и веднаш нареди обдукција“ соопшти обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради ризикот од бегство, како и опасноста да влијае врз сведоците и да ги прикрива трагите.

 

34-годишен гостиварец е осомничен дека го убил својот татко и се обидел тоа да го скрие – Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот