Фото: EPA/Sebastiao Moreira

Математиката вели: Норис може да ја освои титулата и без победа до крајот на сезоната

По блескавите настапи на легендарната „Интерлагос“, Ландо Норис направи огромен чекор кон освојување на првата титула во Формула 1. Британецот од Мекларен покажа зрелост и целосна доминација, па три трки пред крајот на сезоната 2025 ја има контролата над шампионатот во свои раце.

Во пресрет на последните три викенди, Лас Вегас, Катар и Абу Даби, Норис води со 24 поени пред Оскар Пјастри, додека актуелниот шампион Макс Верстапен заостанува 49 поени.

Во игра се уште 83 бодови: 75 од главните трки и дополнителни осум од катарскиот спринт, што значи дека математички само Норис, Пјастри и Верстапен остануваат во трката за титулата.

Особено интересна е комотната предност на Норис, тој може да стане шампион и без да победи до крајот. Дури и во сценарио каде би завршил втор на сите три трки и трет во спринтот, а Пкастри ги добие сите четири преостанати натпреварувања, Британецот би ја освоил титулата за само еден поен.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот